Македонија
22. August 2018 - 11:41

До недела сончево и топло, а од понеделник голема промена на времето

До крајот на неделава ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност, а од понеделник ќе има освежување за десетина степени, пороен дожд, грмежи и ветер.

Според УХМР, дневните максимални температури до недела ќе се искачат до 36 степени.

Позначителна промена се очекува од понеделник кога во поголем дел од земјава ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен северен ветер, а дневната макисмална температура нема да надминува 28 степени.