Македонија
30. August 2017 - 13:21

До недела сончево и топло, од понеделник дожд

Во наредните три дена времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Особено топло се очекува во петок и сабота, кога на места температурата ќе биде над просекот за овој период од годината и ќе достигне до 36 степени.

Според прогнозата на УХМР, промена на времето се очекува во недела, кога под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, ќе биде променливо облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд и појава на грмежи. Дневната температура ќе опадне, особено во почетокот од следната недела.

Во наредните три дена времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.Особено топло се очекува во петок и сабота, кога на места температурата ќе биде над просекот за овој период од годината.

 Промена на времето се очекува во недела, кога под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, ќе биде променливо облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд и појава на грмежи. Дневната температура ќе опадне, особено во почетокот од следната недела.