Бизнис
24. August 2020 - 16:32

До крајот на неделава нова цена за парното греење

Од РКЕ за Сител велат дека се уште се разгледуваат забелешките кои БЕГ ги доставиле до комисијата и се очекува до крајот на оваа недела да биде направена корекција. Новата цена на парното греење требаше да се утврди кон крајот на јули, но поради големиот број на забелешки од компанијата се одлучи корекцијата да биде направена во текот на овој месец. Во јавноста пак се шпекулираше дека се очекува топлинската енергија да се намали. Лани парното поевтини за 6 проценти.

На градско парно се приклучени над 50 илјади домаќинства.

 

Ирена Чачкова