До крајот на неделава ќе се знае дали успеал тендерот за јаглен за РЕК Битола
Во четврток државните електрани ќе соопштат дали земјава ќе успее да го обезбеди потребниот јаглен за активирање на третиот блок во РЕК. До денеска до 16 часот ќе се чека сите заинтересирани да ги достават понудите, а утре ќе се остави простор да пристигнат и понудите од фирмите кои ги пратиле по пошта.
Од ЕСМ за Сител велат дека до четврток нема да има никакви информации и покрај тоа што денеска истекува рокот на повикот.
Инаку за да се стави во погон третиот блок од РЕК Битола потребни се 900 илјади тони јаглен. Производството на струја во овој блок ќе се користи исклучиво за потребите на стопанството.
Претходно тендерот за РЕК пропадна затоа што не се обезбеди потребната количина. Успеа само повиокот за ТЕЦ Осломеј преку кој се обезбедија 300 илјади тони јаглен, што е доволно да работи и да покрие дел до потребите од струја.
Инаку за неколку дена треба да се распише и повик за набавка на мазут за активирање на ТЕЦ Неготино. Според најавите оваа централа треба да почне со работа кон средината на ноември.
Ирена Чачкова
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација