Македонија
7. јуни 2021 - 16:38

До крајот на месецот ќе има одлука дали од септември учениците ќе се вратат во училиштата

Дали децата од септемри ќе се вратат во училишните клупи, треба да се знае до крајот на месецов. Министерката за образование потврди дека ќе има состанок со претставнциите на комисијата за заразни болести и Министерството за здравство, на кој  треба да одлучат како ќе се одвива следната учебна година.

И претставничката на УНИЦЕФ во земјава, Патриција ди Џовани го дели истиот став дека училницата е незаменлива кога станува збор за образовниот процес.

Во претходниот период речиси половина од учениците не успеваа да научат, а дел од наставниците не успеваа да стапат во контакт со учениците, и затоа многу родители бараа да се отворат училиштата, но пандемијата тоа не го овозможи.

Дека пандемијата негативно се одрази врз образованит систем, покажува и истражувањето „Искуствата и ставовите на директорите на училиштата, наставниците и родителите во врска со учењето на далечина“ . Главните проблеми со кои се соочуваат  училиштата е токму недостатокот на компјутери. Според податоците, дури 87 проценти од испитаниците одговориле дека на почетокот  во училиштето има ученици кои дома не поседувале компјутер или интернет, а 59 отсто од наставниците во основните училишта се соочиле со недостаток на техничка опрема. Дополнителен проблем е и тоа што децата немале мотивација за учење од дома, наставнциите биле преморени, а поради работни обврски ниту родителите не можеле да им се посветат на децата. Речиси невидливи биле и стручните служби.

Истражувањето е спроведено во период од мај од декември лани. А во него учестуваа 14, 098 испитаници, односно директори на училишта, наставници, родителите и деца.