Бизнис
25. July 2019 - 16:26

До крајот на годинава ќе започне изградбата на автопатот кон Косово

До крајот на годината кочено може да почне изградбата на автопатот кон Косово. ЈП ДП денеска го објави тендерот за изградба на првата делница од автопатот Скопје Блаце со должина од 2 километри, од граничниот премин до селото Блаце.

За оваа делница се обезбедени 10 милиони евра од буџетот на претпријатието. Пари се обезбедени и за останатите 10 км чие проектирање ќе се одвива паралелно со изградбата на првата дкленица.

Автопатот ќе се гради по европски стандарди, ќе го поврзе Скопје со Приштина, а патувањето ќе го скрати на помалку од еден час. Од следната година полесно ќе се патува и кон Охрид. Денеска треба да биде утврдена прецизна динамика со која ќе се гради автопатот Кичево Охрид.

На овој автопат имаше застој затоа што рокот за корисење на кредитот беше истечен. Сега парите се деблокирани, а обезбедени се и потребните доплнителни средства. Крајниот рок за довршување на автопатот е јуни 2012 година.