Бизнис
14. July 2016 - 16:08

До крајот на годината нови 1000 вработувања во ТИРЗ

Нови инвестиции во индустриските зони низ земјава. Расте бројот на продадени парцели и заинтересирани инвеститори кои сакаат да градат фабрики. На денешната средба на градоначалниците со лидерот на владеачката партија Груевски се разговарше за бројот на слободни парцели и заинтересираните инвеститори.

Во Гевгелија во едната зона веќе работат над 10 компании кои вработуваат о9колу 600 лица. Новата зона е во изградба. Ќе се простира на површина од околу 90 хектари.

Во општината Кисела вода се чека стечајнат постапка за ОХиС по што парцелите  ќе бидат ставени8 на продажба . Во Бутел има две индустриски зони Расадник и Љуботенски пат за кои се донесени деталните урбанистички планови.

Во Штип има 4 индустриски зони. Како што истакна градоначалникот бројот на невработени во овој град се намалил од 12 000 во 2006 на само 2000 невработени.

Во општината Аеродром индустриска зона има помеѓу горно и долно лисиче. На површина од 20 хектари, веќе има одреден број на фирми кои функционираат.

Во Прилеп индустрискат зона Прилеп 1 е целосно распродадена. Вложени се над милион евра, а се очекува да се вработат над 2000 лица. Изградена е и комплетната инфраструктура до ТИРЗ Прилеп каде се градт АкомпЛАСТ И Гентерм.

Покрај развојот на локалните индустриски зони продолжуваат инвестициите во слободните економски зони. До крајот на годината се очекува нови вработувања во КСС во Кичево, ОДВ Електрик и Костал во Охрид, Гентерм во Прилеп, Џонсон Контролс во Струмица и други капацитети. Тоа придонесува и за значителен број на индиректни вработувања.

Податоците покажуваат дека над 500 домашни компании соработуваат со фабриките отворени од странските инвеститори кои се алоцирани во слободните економски зони, што значи директна или пак индиректна корист за илјадници работници во овие компании.