Бизнис
5. December 2015 - 17:13

До крајот на годината неколку нови странски инвестиции

Две фабрики ќе почнат со производство во текот на овој месец. Уште една американска глобална компнија можно е да ја соопшти својата одлука за инвестирање во земјава, најавува премиерот Груевски. Двете компании кои се подготвуваат за производство се стационирани во скопската зона Бунарџик и ќе вработат околу 500 лица.

-„Кап-кон“ ја отвора својата фабрика наскоро. Тоа е американска глобална компанија од автомобилската индустрија. Тие се речиси готови и многу брзо почнуваат со производство. Втората е всушност втората фабрика на италијанската „Технокозе“, четири пати поголема од првата која е во самиот финиш. Веќе започнаа некое пробно производство и наскоро ќе биде отворена оваа нова фабрика. Уште една глобална американска компанија можно е да најави инветсиција во Македонија во која дополнително би се вработиле уште 500-тини лица. Сепак тоа би го оставил за нив и не би го спомнал името бидејќи тие се оние што тоа треба да го објават во јавноста, рече Груевски.

Неделава дури три компании ги конкретизираа своите инветсиции во Македонија. Се работи за компании кои обезбедуваат 2500 работни места во три различни региони од Македонија.

-Првата беше „Монтанте груп“ која го потпиша договорот и во јануари почнува со градба на фабриката за амортизери на шински возила. Втората е „Гентерм“ од Америка која веќе го постави камен темелникот и ја тера градбата на својата нова фабрика во Прилеп во која ќе вработат околу 2.000 луѓе и ќе се произведуваат греачи за автомобили. Третата беше фабриката за ориз во Кочани која беше многу потребна за тој крај. Стратешки ќе ги зајакне капацитетите на сите кои се занимаваат со производство на ориз во кочанскиот регион, појасни премиерот Груевски. 

2015 е оценета како една од пуспешните на инвестициски план. Конкретизирани се дваесетина големи инветсиции во сите региони од Македонија. Само од зоните реализиран е извоз од близу милијарда и пол евра или 26% повеќе од лани.

Инветсицискиот циклус во земјава забрза во последните неколку години. Од 2007 досега реализирани се 2,3 милијарди евра СДИ или четири пати повеќе од претходно.