До крајот на 2020 година ќе биде отворен четврти граничен премин меѓу Бугарија и Македонија
До крајот на 2020 година се очекува да биде готов патот кон граничниот премин „Клепало" меѓу Бугарија и Република Македонија, најави синоќа, за време на парламентарната контрола бугарскиот министер за регионален развој и јавни работи Николај Нанков.
- Од македонска страна делница е подготвна, но има потреба од поправка, за што се веќе преземени ангажмани изјави министерот и изрази надеж дека до крајот на 2020 година или почетокот на 2021 година да биде отворен нов - четврти, граничен премин со Македонија.
Транспортната врска до контролниот пункт е околу 30 километри, а патот не е поправен повеќе од 30 години. Побарана е изработка на технолошки проект за поправка на првите 16 километри од патот и според првичната оценка, поправката ќе чини околу 10 милиони лева (пет милиони евра)
Поправката на делницата ќе започне оваа година и се очекува да заврши во текот на годината, За останатиот дел од трасата се предвидува делумна реконструкција и нова градба, бидејќи има делница без пат со асфалтна подлога, изјави бугарскиот министер и прецизираше дека е потребен нов технички проект, кој ќе биде ставен во буџетот за 2019 година.
Ново на Сител
-
ДИК: Oд обработени 63,59% oд гласовите Силјановска Давкова 214.560, Пендаровски 105.593
-
ДИК: Oд обработени 59.59% oд гласовите Силјановска Давкова 197.741 - Пендаровски 97.592
-
Двојна предност на Силјановска пред Пендаровски од 50,3% обработени гласа
-
ДИК: 46,36% oбработени
-
ВМРО-ДПМНЕ: Обработени 13,44% од гласовите - Силјановска Давкова 109.692, Пендаровски 48.553
-
Тошковски и Бојмацалиев: Граѓаните гласаа за избор на Претседател на државата
-
ВМРО-ДПМНЕ: Од обработени 8,21% Силјановска Давкова 66.482, Пендаровски 28.490
-
Ѓорчев: На 15% на ниво на Македонија Силјановска Давкова 43.466, Пендаровски 18.213