До кога растат женските гради?
Големината на градите зависи од фактори како генетиката, тежината, годините, бременост, а промените во големината и обликот се случуваат во текот на целиот живот. Сепак, во одредена доба градите престануваат да растат.
Големината на градите постојано се менува, а може да варираат дури и до една цела големина во корпата на градникот. На промената во големината на градите влијае и месечниот циклус.
Кај голем дел жени, градите потполно се развиваат 3 до 4 години по првата менструација, а процесот на растење завршува прилично рано.
„Женските гради растат до доцните тинејџерски или рани 20-ти години, но промените во нивната големина и облик се случуваат во текот на целиот живот и тие се поврзани со промените на ткивото во градите. На тие промени влијаат и промените во хормоните, бременост, доење, здебелување или слабеење, менопауза и сл.“ – објаснува гинекологот Јасенка Грујиќ.
Во текот на бременоста градите растат и до неколку броеви, а ткивото може да се рашири многу, па можеби да не се врати во првобитна состојба. Освен тоа, и доењето може да има влијание врз промената на изгледот на дојките. Но, како и на кој начин зависи од ткивото и густината на дојките и промените во тежината.
Некои жени како последица од бременоста имаат големи гради, додека некои пак со текот на доењето им се смалуваат.
Генетиката игра најголема улога во големината и обликот на женските гради. Гените влијаат на нивото на хормони кои потоа влијаат на ткивото во градите одредувајќи ја густината и изгледот на кожата.
Генетските карактеристики можат да бидат наследени од двете страни на семејството.
Ново на Сител
-
Во Софија средба на историчката комисија - Се разговарало за евентуални заеднички чествувања и дискусии за учебници
-
Тема на денот со Коце Трајановски, Директор на ЈП државни патишта
-
Одземени спорните записници од Судски, Мицкоски најавува десетици други акции
-
Обвинителството собира докази за Груби и Беџети
-
Евроабасадорот Рокас ги поддржува активностите за расчистување со корупцијата
-
Ахмети пак се закани - Мицкоски не е загрижен
-
По јазикот проблем и химната
-
Светска Банка предлага зголемување на ДДВ од 18 на 19%, но и покасно одење во пензија