До изборите со Загреб ќе управува заменик-градоначалничката Павичиќ Вукичевиќ
– До локалните избори во мај годинава, со Градот Загреб ќе управува Јелена Павичиќ Вукичевиќ (46), заменичка на градоначалникот Милан Бандиќ, кој почина рано утрово од срцев удар.
Партијата на трудот и солидарноста на Бандиќ потврди дека Павичиќ Вукичевиќ, долгогодишен соработник на Бандиќ, една од двете заменички на градоначалникот, ќе го преземе управувањето со Градот Загреб до изборите.
Кога Бандиќ првпат беше избран за градоначалник во 2000 година, Јелена Павичиќ Вукичевиќ беше секретар на градската организација на СДП во Загреб и член на Градското собрание на Загреб. Три години подоцна, таа стана член на Парламентот, во 2008 година секретар на Градскиот секретаријат за образование, култура и спорт и од 2009 до 2013 година првпат заменик-градоначалник.
По вторпат е избрана за заменик градоначалник во 2017 година на непосредни локални избори.
Јелена Павичиќ Вукишевиќ е исто така потпретседател на Партијата за труд и солидарност.
Ново на Сител
-
Напната атмосфера во Собранието пред донесувањето на петтиот пакет економски мерки
-
Запленет кокаин во Кавадарци, приведен осомничениот дилер
-
Се самозапали маж на париската метро станица Пигал во Париз
-
Во Собранието заврши расправата за Националната стратегија за спречување на корупција, закажана нова седница
-
Богдановиќ: Штетите кои би настанале од суспендирање на урбанистичкиот план ќе ги сноси Општината
-
Стоилковски: Ако нема пари за петтиот пакет помош, Заев нека го каже тоа јасно и гласно
-
Уште еден загинат во страшната сообраќајка која завчера се случи кај Маврово – други две се борат за живот
-
Николовски: Нема повеќе расипничко трошење на народните пари