Македонија
13. јуни 2017 - 10:38

До Град Скопје поднесени над 2.100 барања за субвенции за велосипед

Од објавувањето на јавниот повик до денес до Град Скопје поднесени се над 2.100 барања за добивање субвенција за купување велосипед.

Град Скопје денеска соопшти дека формираната Комисија секојдневно ги обработува пристигнатите барања и одлучува по нив согласно критериумите за добивање субвенции.

- Имајќи предвид дека средствата кои Градот Скопје ги предвиде за оваа намена се ограничени (10 милиони денари) и истите се речиси исцрпени, апелираме до сите заинтересирани за добивање на надоместок на дел од трошоците за набавка на велосипед истото да го сторат што е можно поскоро, се наведува во денешното соопштение.

Барањето за субвенција заедно со потребната документација треба да се достават до Град Скопје на адресата бул. Илинден бр.82, во архивата на Град Скопје, секој работен ден од 09:30 до 15 часот.

Јавниот повик со критериумите и барањето се достапни на интернет врската - http:www.skopje.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=785.