Македонија
14. August 2018 - 15:36

До ДИК доставени 742 пријави од иселеници за референдумот

Преку веб-апликацијата dijaspora.sec.mk до Државната изборна комисија до денеска до 14 часот доставени се вкупно 742 пријави од граѓани за изјаснување во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство за претстојниот референдум за името. 

Од нив, 702 пријави се прифатени, 11 се одбиени, а останатите се во обработка, соопшти ДИК.

До вчера во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК увид во Избирачкиот список направиле вкупно 1.216 граѓани. Најголем број граѓани увид извршиле во Битола - 188, во Радовиш - 104 и Струмица - 101.