Македонија
27. February 2018 - 11:31

До четврток променливо облачно и студено време

До четврток ќе преовладува променливо облачно и студено време со кратки сончеви периоди, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре ќе дува умерен, на повисоките места и планините засилен северен ветер, а претпладне во западните и северните делови ќе има повремен слаб снег.

Во четврток во утринските часови поради разведрувањето температурите ќе бидат многу ниски, на повеќе места ќе се спуштат под -10 степени.

Во четврток кон крајот на денот во западните делови ќе има локални врнежи од снег, а во петок ќе поминуваат во дожд, но локално ќе има и услови за замрзнат дожд.