Македонија
17. јуни 2019 - 13:56

До четврток нестабилно со пороен дожд, засилен ветер и грмежи

До четврток продолжува периодот на нестабилно време, соопшти УХМР.

Во попладневните и вечерните часови ќе има пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен дожд, силен ветер и појава на град.