Македонија
23. April 2019 - 20:23

До 30 јуни треба да се реализираат подготовките за мултилатералните консултации со НАТО

До 30 јуни годинава Министерството за одбрана треба да ги реализира подготовките за мултилатералните консултации со НАТО за финализирање на PARP Проценката 2019, одлучи Владата на денешната седница.

До 30 јуни овој документ треба да биде доставен и во Главниот штаб на Алијансата во Брисел.

-За имплементацијата на преземените обврски, Министерството за одбрана треба да ја информира Владата најдоцна до 31 јули 2019 година, соопшти владината прес-служба.