Македонија
20. October 2020 - 19:44

До 20-ти ноември ќе „паднат“ првите оценки - како ќе се оценуваат онлајн учениците?

Првите оценки за тримесечие треба да бидат впишани до 20-ти ноември. Бирото за развој и МОН испратија препораки до училиштата на кој начин да го проверат знаењето на учениците. На располагање се сите алатки од националната платформа според првиот човек на бирото за развој, иако платформата не се користи во целост. Доколку наставниците не можат да го проверат знаењето на овој начин, ќе организираат испрашување во училница. Наставникот треба да направи распоред на средби во групи до 10 ученици  и да ги најави три дена претходно. 

Наставниците треба да го прилагодат оценувањето согласно алатките кои се користат за учење на далечина, а кој терк ќе го изберат е оставено на нив. Важно е да бидат поставени автентични задачи кои не бараат готови одговори од учебниците. Испрашувањето може да биде преку тестови со краток одоговор, есејски прашања, видео и аудио одговори, дискусии,видео игри и слично со точно утврдено време. 

Досегашното спроведување на наставата наиде на спротиставени ставови кај политичките партии. Власта тврди дека комбинираниот модел кој го направиле дава одлични резултати и онлајн настава без проблеми следат 88 % од учениците велат од СДСМ. Опозицијата пак обвинува дека власта со ребалансот на буџетот крати 21 милион евра за образование а 40 000 ученици се без компјутер. Од ВМРО ДПМНЕ велат дополнително се крати и од средствата кои ги предвиделе за оваа година  за изградба на објекти.