-->
-->
До 17 часот на Локалните избори во Охрид гласале 46, во Дебрца 53 отсто од граѓаните
-->
Според информациите од ОИК, во Охрид на гласање до 17 часот излегле 46 отсто од граѓаните со право на глас, додека во Дебрца во истиот временски рок гласале 53 отсто од граѓаните впишани во Единствениот избирачки список.
Гласањето во 88-те избирачки места во Општина Охрид се одвива непречено и без поголеми прекини така што засега нема причина гласачките места да не бидат затворени во предвидениот рок односно во 19 часот.
Слична е ситуацијата и во Општина Дебрца каде најверојатно изборниот процес ќе заврши во предвидениот рок, освен на Избирачкото места 1315 во Ново Село, каде согласно одлуките на ДИК поради прекин на гласањето изборниот процес ќе биде продолжен два часа и после предвиденото, онолку време колку што и траел прекинот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот