Македонија
17. October 2021 - 17:24

До 17 часот излезноста над 41 отсто

Според последните податоци објавени на веб страницата на Државната изборна комисија, до 17 часот правото на глас го оствариле 41,34 отсто од гласачите, од обработени 65,33% проценти од податоците.

Досега вкупно гласале 492.796 гласачи.

Овој пресек покажува дека Новаци е општина со највисока излезност, 70,75 отсто. По Новаци, следуваат Македонски Брод со 59,88%, Кратово со 51,78%, Могила со 54,44%, Демир Хисар со 64,15%.