Македонија
30. September 2018 - 14:24

До 13 часот во општина Битола гласале 13.704, а во општина Демир Хисар 1.111 гласачи

Општинската изборна комисија во Битола информира дека до 13 часот на 170 гласачки места излегле и гласале 13.704 гласачи.

Во општина Демир Хисар од 7.090 регистрирани гласачи на единствениот избирачки список, до 13 часот гласале 15,7 отсто од граѓаните учесници на денешниот референдум, или 1.111 гласачи.