Македонија
15. October 2017 - 11:36

До 10 часот во Битола гласале 16,8 од избирачите

 Во општина Битола до 10 часот на 170-те гласачки места излегле 16,8 проценти од избирачите евидентирани на единствениот избирачки список.

Претседателот на ОИК-Битола Зоран Насев истакна дека гласањето почна навреме и се одвива без пречки, а право на глас имаат 83.616 лица.