Македонија
5. May 2019 - 11:37

До 10 часот излезноста во Охрид 5,6 проценти, во Дебрца гласале седум отсто од избирачите

 На изборите во Охрид до 10.00 часот своето право на глас го искористиле неште над пет проценти од избирачите, или поточно на 88-те гласачки места во Општина Охрид гласале 5,65 отсто од граѓаните со право на глас.

Климент Камнаровски, претседателот на ОИК, рече дека изборниот процес во општина Охрид се одвива непречено, во фер и демократска атмосфера.

Во општина Дебрца изборниот процес се одвива исто без неправилности, а до 10.00 часот гласале 308 лица или седум проценти од лицата со право на глас.