Дневниот билет почна да се продава и во возилата на ЈСП
ЈСП Скопје соопшти дека дневниот билет се продава и во нивните возила, чини 120 денари и важи за повеќекратно користење на сите линии во текот на еден ден, односно може да се користи за неограничен број преседнувања на сите линии, во период од 05 до 24 часот.
Досега, како што посочуваат од ЈСП Скопје, дневниот билет беше достапен единствено во билетарниците и центрите за персонализација на ЈСП Скопје.
Освен овој тип на билет, како олеснителна околност за сите оние корисници на јавниот превоз кои не поседуваат електронска картичка „Скопска“, постои опција за валидирање билет со мобилната апликација „Скопска“, која од неодамна е целосно функционална. Апликацијата претставува замена за неперсонализираната електронска картичка „Скопска“, практично таа е виртуелна автобуска карта. Апликацијата е достапна за корисници на „смарт“ мобилни телефони со Android или IOS оперативен систем. Во случај на појавен проблем од било каква природа, корисниците можат да се обратат на apskopska@jsp.com.mk , информираат од ЈСП Скопје.
И натаму, корисниците на јавниот превоз билет можат да купат/валидираат со електронска картичка „Скопска“. Персонализираните картички се продаваат во центрите за персонализација на ЈСП Скопје и чинат 200 ден, а неперсонализираните во центрите за персонализација, во билетарнците на ЈСП, како и во возилата на ЈСП Скопје. Неперсонализираната „Скопска“ чини 150 ден и на неа има две гратис возења. Можност за купување/валидирање билет се нуди и со опцијата Mobipay (мобилно плаќање), потенцираат од ЈСП Скопје.
Ново на Сител
-
Трамп: Три нуклеарни локалитети во Иран се уништени, ќе уништиме и нови ако ги изградат
-
Министерот Алиу најави реформа на Мој Термин
-
Шест лица и едно дете пренесени на Клиниката за токсикологија по пожар во стан во Скопје
-
АНБ: Одземени огнено оружје и мобилни уреди при претреси на две локации во Скопје
-
Приведен 36-годишник од Дебар, упатувал закани со нож
-
Полициски службеник физички нападнат од едно лице на Средно Водно
-
Сообраќајна несреќа во Тетово, почина 68-годишен велосипедист
-
32-годишен маж физички нападнат од својата сопруга, го турнала и нивниот малолетен син