Македонија
11. March 2016 - 17:56

Дневник: Повеќе од 10.000 граѓани не можат да си ги подигнат личните карти поради СЈО

Повеќе од 10.000 граѓани во овој момент не можат да си ги подигнат личните карти, затоа што Специјалното јавно обвинителство ги запленило како крински докази во случајот „Титаник“. Дневниот весник „дневник“, објавува неколку случаи во кои граѓани, претежно иселеници деновиве ставени на вистински малтретирања во обидот да си ги подигнат личните документи, шатајки од МВР до СЈО и обратно, без никој да им објасни поради што нивните лични документи се предмет на сомнеж.
 
Приказната за своето патешествие за Дневник ја раскажала македонска државјанка, која повеќе од 10 години не живее во државата. Последниот пат кога била во македонија сакала да ја обнови личната карта која ја поседува, поднела документи и заминала. Бидејќи законот не дозволува друг да ја подигне личната кларта во нејзино име, таа тоа сакала да го стори сега кога пак дошла во Македонија. Но, на шалтерот во МВР ја чекал шок. Место личната карта ја испратиле кај раководителот на секторот.
 
-Првиот пат еден господин на шалтерот ми рече дека личната карта ми е земена и тоа со зборовите: „Девојко, избори се, некои лични карти беа земени“. На мое прашање од кого се земени, ме препрати кај неговиот шеф. Таму, пак,беше вистински хаос и информации не добив. Следниот ден господинот ми кажа дека личните карти се кај Kатица во специјално обвинителство. Го прашав која е Kатица. Се зачуди и ми искоментира: „Kако не знаеш која е Kатица?“. Најпосле ми кажа дека се работи за посебна институција и каде се наоѓа Обвинителството, па се упатив таму, раскажува соговорничката за Дневник.
 
Но и во Специјалното јавно обвинителство не го решила проблемот. Ја пречекала некој од обвинителките, но личната карта не и ја дала.
 
- Дојде една девојка која беше сосема незаинтересира. Ми рече дека за мојот случај мора писмено да се обратам, но кога и реков зошто писмено да се обраќам кога еве веќе сум лично тука и можам директно да поднесам барање или да ми даде електронска адреса на која би можела да се обратам, дрско, многу дрско ми се обрати: „Да не сакаш јас да ти ја напишам молбата?!, раскажува соговорничката за весникот.
 
Патешествието продолжило пак во МВР и назад, за на крај да реши да го сподели искуството со медиумите.
 
Дневник пишува дека вчера откако побарале од СЈО информации за случајот, обвинителството почнало да ги информира илјадниците граѓани кои изминативе недели  се обидуваат да си ги подигнат своите лични карти.
Во Специјалното обвинителство не негираат дека во моментов има голем хаос со личните карти кои тие ги заплениле од МВР. 
 
- Личните карти што не беа подигнати од страна на граѓани, а се наоѓаа во МВР беа прибавени од наша страна за да се утврди за што точно станува збор и од кои причини личните карти се наоѓаат во МВР. Во оваа насока појаснуваме дека доколку се јави граѓанин на кого личната карта не му била издадена и бара истата да му се предаде, за таквата состојба ние сме известувани од страна на МВР, по што ние личните карти ги враќаме на МВР, кој потоа ги врачува на граѓаните. До ова Јавно обвинителство директно се имаат обратено граѓани и на сите им е појаснета процедурата и начинот на кој може да им биде вратена личната карта, со објаснување зошто постапката налага предавањето на личните карти да се изврши преку МВР, стои во одговорот од СЈО до дневник.
 
Вкупниот број лични карти што ги држи спцијалното обвинителство, според првичните најави на обвинителката Фатиме Фетаи од СЈО, е 35 илјади. Таа еуфорично на пресконференцијата на 12 февруари објави дека тие се крунски доказ во случајот Титаник.