Дневник на Џон Кенеди продаден за „астрономска“ сума
Дневник на Џон Фицџералд Кенеди, напишан во 1945, е продаден на аукција во Бостон за 718.700 долари, цена трипати повисока од првичната.
Купувачот е колекционер од САД, по име Џозеф Алсеп.
Записите се всушност опис на патувањето на Кенеди во Европа, веднаш по Втората светска војна, пред да стане претседател на САД (1961). Дневникот има 61 страница и е напишан и рачно и на машина.
Тој период, 28-годишниот Кенеди работел како новинар во компанијата на Вилијам Хрст. Во списите, тој пишува за Потсдамската конференција во 1945, каде што бил во придружба на тогашниот американски министер за морнарица, Џејмс Форестол. Натаму, тој ја опишува и посетата на бункерот на Хитлер.
Во 1950-те, Кенеди и го дал ракописот на своја соработничка, која сега одлучи да го стави на аукција, по повод претстојната 100-годишнина од раѓањето на поранешениот американски претседател.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите