Македонија
6. August 2016 - 9:45

Дневник: Криминално-политичкото подземје не мирува – Камчев изложен на физичка закана и рекетирање

Скопјанецот Даниел Трајковски, брат близнак на Дејан Трајковски кој е во бегство поради осомниченост за убиство во обид, од профилот со име Перла Трајковска, упати сериозни закани и најави за рекет од 50 милиони евра до бизнисменот и сопственик на МПМ, Орце Камчев, како и до екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, пишува Дневник.

-Еден метак кошта два евра, а за тоа немаш одбрана со кум ти… Така да на крај ќе биде 2 евра работата на Камчев у глава и две евра за Мијалков у глава, четири евра ќе кошта услугата, без работна рака… Гратис работна рака… Или ќе платиш 50 милиони евра или таксиметарот ти чука… Орце Камчев запамти во Дебар од кај што потекнуваме нема место за два лава. Даниел близнак! Да живее Зоран Заев идниот премиер на Македонија! Со вас претседателе до смрт!“, наведува Трајковски во пораката во која на почетокот го покрај Камчев и Мијалков го споменува и Никола Груевски.

Заканата со убиство е пријавена до МВР и до Јавното обвинителство на РМ. Даниел Трајковски и неговиот брат и се добро познати на полицијата. Според податоците на порталот Журнал, тие заедно имаат 21 кривична пријава, а Дејан, кој е во бегство е осудуван и на казна затвор во траење од 5 години и 2 месеци. Меѓу делата кои им се ставале на товар се напад на службено лице, криумчарење, држење и тргување со оружје, распрскувачки материјали, напад со орудие опасно по живот при тепачка, учество во толпа, фалсификување на исправа, употреба на лажни податоци, давање на лажен исказ и загрозување на општа безбедност. И двајцата се блиски до СДСМ , што отприлика доведува до сличности на целиот настан со криминалот на Захир Бекири Чауш, кај кого беа пронајдени фалсификувани лични карти и 70.000 од незаконски снимените разговори, со таа разлика што во тој случај немаше најави за посегнување по нечиј физички интегритет, што го прави овој случај прилично посериозен.

Пред извесно време, зборувајќи за врските на СДСМ со криминалното подземје и за браќата близанци од Ѓорче Петров, Васко Ефтов во својата емисија „Во Центар“ наведе: „Еден од главните играчи во тој инцидент (Дејан Трајковски, н.з.), случајно е член на Извршниот одбор на СДСМ во општина Ѓорче Петров и случајно е близок соработник на сегашниот портпарол на СДСМ и дел до најтесното раководство Петре Шилегов и таму некаде во кампањата 2014 година случајно е негов возач. Гледате, СДСМ сега смета дека со опкружување или со приближување до дел од криминалното миље, може да очекува одредена прераспределба на гласовите. Затоа и се спојуваат со Чаушот и затоа и се спојуваат со дел од овие криминални структури…“.

Инаку, Перла Трајковска, односно Даниел Трајковски, во своите закани до Камчев и до Мијалков ја споменува и телевизија Алфа. Познато е дека тој сега е возач на Драган Наков, еден од синовите на Штерјо Наков, а Фершпед се јавува како фирмата преку која телевизија Алфа беше основана. Дали со ова станува збор и за праќање некакви пораки од бизнисменот Штерјо Наков до ВМРО-ДПМНЕ и Мијалков преку Даниел Трајковски?, пишува Дневник.

Како и да е, со оглед на досието на браќата Трајковски, заканата со убиство е сфатена сериозно, надвор од обичните секојдневни повраќаници кои се одомаќинија по македонските социјални мрежи, па затоа и се алармирани државните органи. Од друга страна, случајот има и своја политичка димензија, па очигледно, освен правна, ќе мора да биде зафатен и од таква разрешница.