Македонија
25. December 2015 - 16:33

„Дневник“: 120.000 лица со матични броеви во фабриката на Чауш и СДСМ

Детална база на податоци на повеќе од 120.000 граѓани пронајдена во компјутерите во фабриката за афери на СДСМ, јави Дневник. Според информациите станува збор за комплетна листа на која покрај имињата, презимињата и адресите на граѓаните стоеле и нивните телефонски броеви но и матичниот број кој е заштитен согласно Законот за заштита на лични податоци. Индикативно е што сите телефонски броеви се од еден ист мобилен оператор до Македонија па претпоставките се дека групата на СДСМ ги украла податоците токму од операторот.

Симптоматично е што последен во низата кадри кои Спасовски ги вработи во МВР е токму лице кое во министерството доаѓа директно од работното место во еден мобилен оператор во земјава.

Експертите предупредуваат дека граѓаните треба да бидат внимателни бидјеќи им се злоупотребени податоци на речи си сите кои користат мобилен телефон.

Скандалозната база на податоци е последната во низата докази за сериозен криминал кои беа пронајдени во фабриката за афери на чаушот и СДСМ. Претходно обвинителството потврди дека во компјутерите на осомничените беа пронајдени десетици илјади прислушувани разговори кои најверојатно биле продавани и растурани не само низ Македонија туку и во регионот. Целта, според извори  од истрагата била преку овие снимки да се вршат изнуди и закани врз сите кои нешто значат во македонскиот општествен живот.

Фабриката за афери на СДСМ готвела и фалц бугарски пасоши за високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ како и фалсификувани изводи од наводни банкарски трансакции.

Медиумите објавија дека е пронајден фалц бугарски пасош со податоците на Мартин Протоѓер како и фалц извод од трансакција од 50 милиони евра во швајцарска банка за која требало да биде обвинет Сашо Мијалков.

Истрагата има докази за комуникација на осомничените со македонски новинар во Србија на кој еден висок партиски функционер патувал кај северниот сосед за да му однесе сума на пари за тој да се потпише зад фабрикуваните афери.

Премиерот Груевски вчера во интервју за Сител рече е фрапиран од начинот на кој СДСМ се обидува да ја води политичката битка.

Фабриката за афери на СДСМ имала за цел да креира фалсификувани документи и потоа преку медиумите под своја контрола да ги објавува во јавноста. Интересно е што двете афери, за пасошите и за личните карти ги објави весникот Фокус. Извори од истрагата потврдуваат дека детално се разгледува дали новинарите на овој медиум свесно ги фабрикувале аферите или пак биле жртви на групата на чаушот. Доколку се докаже нивна вмешаност не се исклучува можноста и тие да одговараат кривично.