Свет
27. August 2020 - 19:34

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според последните податоци, во светот од новиот коронавирусот до сега се заразиле вкупно 24.477.427 лица. Од нив починале 832.459, а оздравеле 16.976.141 луѓе.

Атина – Во изминатите 24 часа во Грција е регистриран зголемен број смртни случаи од Ковид-19, починаа шест лица, додека пак бројот на новозаболени и денеска е над 200 односно, 259 нови случаи. Бројот на заразени, од почетокот на епидемијата се зголеми на 9.280 лица, а на починати на 248 лице.

Никозија – Министерството за здравство на Кипар регистрира 11 нови случаи на Ковид-19. Од почетокот на епидемијата се регистрирани вкупно 1.467 позитивни случаи.

Приштина – Во изминатите 24 часа во Косово се регистрирани осум починати лица кај кои претходно било потврдено присуството на новиот коронавирус, со што бројката на жртви на епидемијата на Ковид-19 достигна до 498. Сите починати, според косовските здравствени власти, имале и други потешки здравствени тегоби и страдале од дијабетис, кардиоваскуларни и други хронични болести. Во текот на вчерашниот ден, официјално се регистрирани 142 новозаболени од Ковид-19, додека вкупно заразени од појавата на епидемијата се 12.982 лица. Во истиот извештаен период се евидентирани и 143 излекувани, а вкупната бројка на лица кои претходно биле дијагностицирани како заразени и ја совладале болеста достигна до 9.085. Активни носители на вирусот во земјата се 3.398 лица. Вчера се извршени 534, а од почетокот на пандемијата, вкупно 49.277 тестирања.

Софија – Во последното деноноќие во Бугарија се регистрирани 162 новозаразени со Ковид-19, а починале уште 14 лица.

Белград – Во последните 24 часа не се забележани смртни случаи од коронавирус во Србија, за првпат после два месеци. Според податоците на Министерството за здравство, во изминатиот ден биле потврдени 125 нови случаи на коронавирус, врз основа на 8.836 тестирани примероци. Од почетокот на епидемијата во Србија се регистрирани 31.099 случаи на Ковид-19, а починале 707 лица.

Љубљана – Во Словенија, од 1.299 тестирани примероци, коронавирусот е потврден кај 33 лица, објави денеска словенечката Влада. Нема нови смртни случаи, така што бројот на починати од коронавирусот останува 133. Досега, во Словенија се потврдени 2.755 случаи на коронавирусот.

Подгорица – Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 59 новозаразени и едно починато лице. Од почетокот на годината, вкупниот број регистрирани случаи на зараза со новиот коронавирус е 4.558. Вкупниот број на смртни случаи поврзани со Ковид-19 од почетокот на јуни е 80, а од почетокот на годината 89.

Будимпешта – Во Унгарија се потврдени уште 91 случаи на коронавирус, а вкупниот број заразени достигна 5.379, објавено е утрово на официјалната веб-страница koronavirus.gov.hu. Нема нови смртни случаи, така што бројот на починати од Ковид-19 останува на 614.

Киев – Во Украина се потврдени 1.974 нови случаи на коронавирус, објавено е денеска во Киев. Повеќе од 39 луѓе починале од Ковид-19. Од почетокот на пандемијата вкупниот број на заразени во Украина достигна 112.059, а починале вкупно 2.403 лица.

Берлин – Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Германија е зголемен за 1.507 на 237.936, според денешните податоци на Институтот Роберт Кох. Уште пет лица починале од коронавирусот, а од почетокот на пандемијата починале вкупно 9.255 лица.

Москва – Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Русија во изминатите 24 часа е зголемен за 4.711, а вкупниот број на заразени достигна 975.576, објавено е денеска во Москва. Од коронавирусот починале уште 121 лица, а вкупно 16.804 луѓе починале од почетокот на пандемијата.

Бразилија – Во Бразил во изминатите 24 часа се потврдени уште 47.1161 случаи на коронавирус, додека 1.086 лица починале како резултат на инфекцијата, соопшти Министерството за здравство на земјата. Досега се регистрирани вкупно 3.717.156 случаи на коронавирус, а починале 177.666 лица.

Мексико Сити – Мексиканското Министерство за здравство соопшти дека се потврдени уште 5.267 случаи на коронавирус во земјата и оти од инфекцијата починале уште 626 лица. Вкупниот број на заразени во Мексико е 573.888, а од почетокот на пандемијата починале 62.076 луѓе.

Њу Делхи – Во Индија се потврдени уште 75.760 случаи на зараза со коронавирус, а вкупниот број на заразени достигна 3,31 милиони, покажуваат најновите податоци на Министерството за здравство во земјата. Уште 1.023 лица починале од коронавирусот, а од почетокот на пандемијата починале вкупно 60.472 лица.

Буенос Аирес – Во Аргентина се потврдени уште 10.550 нови случаи на Ковид-19, а вкупниот број на заразени е 370.198, соопшти Министерството за здравство на земјата. Уште 276 лица починале, а од почетокот на пандемијата бројот на смртни случаи изнесува 7.839.

Лима – Во Перу се потврдени 5.996 нови случаи на коронавирус, а вкупниот број на заразени достигна 613.378, покажаа податоци на Министерството за здравство во земјата. Од коронавирусот починале уште 123 лица, а од почетокот на пандемијата починале вкупно 28.184 лица.

Токио – Министерството за здравство на Јапонија соопшти денеска дека во изминатите 24 часа се потврдени 898 нови случаи на Ковид-19 и оти од таа инфекција починале уште 17 лица. Во Јапонија, вкупно 65.380 луѓе се заразени со коронавирусот, а 1.239 починале од почетокот на пандемијата.