Свет
14. August 2020 - 19:21

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 21.176.295 лица. Од нив починале 759.397, а оздравеле 13.987.945 луѓе.

ж- Во изминатите 24 часа, во Федерацијата на БиХ биле тестирани 1.484 примероци, од кои 238 се позитивни за коронавирусот, додека осум лица починаа.  Досега се тестирани вкупно 100.411 примероци, а коронавирусот е потврден кај 9.310 лица. Во ФБиХ, во моментот активни се 3.369 случаи. Во изминатите 24 часа, осум смртни случаи се пријавени во Институтот за јавно здравје на ФБиХ. Досега се регистрирани вкупно 243 смртни случаи во ФБиХ.

– Австриската Влада донесе одлука да издаде предупредување за патување за Хрватска, односно да ја вклучи таа земја во регионите со ризик за кои при враќањето во Австрија е неопходен негативен тест за ПЦР. Поради зголемениот број на новозаразени повратници од Хрватска, но и растот во самата Хрватска, Австрија издава предупредување за патување и ги повикува своите граѓани да се вратат од Хрватска во земјата. Предупредувањето за патување ќе стапи на сила во понеделник на полноќ.

-Министерството за здравство на Кипар соопшти 13 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на регистрирани случаи се зголеми на 1.318 лица.

-Во Грција повторно е регистриран голем број новозаболени, во изминатите 24 часа има 254 нови случаи на Ковид-19, а починаа две лица. Од почетокот на епидемијата се регистрирани вкупно 223 смртни случаи и 6.632 заразени лица

– Во Хрватска се потврдени 208 новозаразени лица во последните 24 часа, што е највисоко од почетокот на епидемијата на вирусот во таа држава. Бројот на активни случаи е 961.111, на респиратор 10. Две лица починаа.

– Во изминатите 24 часа во Косово се регистрирани осум починати лица кај кои претходно било потврдено присуството на новиот коронавирус, со што бројката на жртви на епидемијата на Ковид-19 достигна до 381. Сите починати, според косовските здравствени власти, имале и други потешки здравствени тегоби и страдале од дијабетис, кардиоваскуларни и други хронични болести. Во текот на вчерашниот ден, официјално се регистрирани 142 новозаболени од Ковид-19, додека вкупно заразени од појавата на епидемијата се 11.130 лица. Во истиот извештаен период се евидентирани и 201 излекуван, а вкупната бројка на лица кои претходно биле дијагностификувани како заразени и ја совладале болеста достигна до 6.817. Активни носители на вирусот во земјата се 3.932 лица. Вчера се извршени 466, а од почетокот на пандемијата, вкупно 43.093 тестирања.

– Во последните 24 часа од направени се 639 тестови позитивни на Ковид-19 се 146 лица, нешто повеќе од 50 отсто од нив или 76 се во Тирана. Битката со опасниот вирус ја добија 79, но за жал и поктрај сите напори на лекарите ја изгубија шест пациенти,стои во соопштението на Министертвото за здравтсво и социјална заштита. Познати албански лекари и понатаму бараат да се зголеми бројот на тестови до 2.000 во едно деноноќие, со што би се откриле кластерите и би се стопирал трендот на раст на новозаразени. Во земјата од почетокот на пандемијата до сега направени се 49.151 тест,позитивни се 7.117, оздравеле 3.695, починале 219 додека активни на болеста се 3.203 лица. Во двете ковид болници се хоспитализирани 115 лица од нив 21 се во тешка здравствена состојба.