Свет
15. July 2020 - 19:10

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според последните податоци, во светот досега се регистрирани 13.560.696 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починале 583.525, а оздравеле 7.913.767 луѓе.

– Националната организација за јавно здравје на Грција денеска соопшти 27 нови случаи на Ковид-19, од кои четири се од направените тестови на влезните точки во земјата. Од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно 3.910 позитивни случаи.

– Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 78 новозаразени лица од 375 анализирани примероци, соопшти Институтот за јавно здравје. Вкупниот број на потврдени смртни случаи од почетокот на јуни од вирусот е 16. Бројот на активни случаи во Црна Гора во моментов е 1.522. Повеќето нови пациенти се контакти на претходно регистрирани случаи.

– Во Хрватска за изминатите 24 часа се регистрирани 92 новозаразени лица со што вкупниот број се зголеми на 3.953, од кои 1.204 се активни. Од почетокот на епидемијата во Хрватска, тестирани се 97.424 лица, 1.804 во последните 24 часа.Нема смртни случаи за 24 часа. Денешниот број на новозаразени е речиси двојно поголем во однос на вчерашниот.

– Во Словенија потврдени се 19 нови случаи на заразени со Ковид-19, со што се зголеми вкупниот број на 1.878 од почетокот на епидемијата. Од тековните активни случаи, 16 од се хоспитализирани, а во последните 24 часа не е забележан смртен случај. Во последните неколку недели, се чини дека домовите за нега на стари луѓе повторно стануваат потенцијални жаришта, што укажува на фактот дека две одделенија и четворица вработени се разболеле во домовите во Випава и Харастник.

-Во Косово вчера се извршени 420 тестирања за Ковид-19, од кои позитивни резултирале 119 лица. Со тоа, бројката на заразени од новиот коронавирус од појавата на епидемијата се искачи на 5.237. Од нив, 112 се починати, додека, вклучително вчерашните 92, излекувани се 2.462 лица. Активни носители на новиот коронавирус, според последните официјални информации, се 2.663 лица, од кои речиси половина во главниот град, Приштина.