Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот
Според последните податоци, во светот досега се регистрирани 11.650.879 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив умреле 538.511, а оздравеле 6.589.216 лица.
– Во Србија во последните 24 часа се потврдени 289 нови случаи на коронавирус, врз основа на 7.872 тестирани примероци. Во истиот период починале уште шест лица. на респираторни машини се приклучени 93 лица.
– Во Косово вчера се регистрирани 152 новозаболени од Ковид-19, а вкупно, од појавата на првите случаи, на почетокот од март годинава, има 3.508 заразени од новиот коронавирус. Бројката на заболени кои починале од појавата на пандемијата се зголеми на 75. Во текот на вчерашниот ден се потврдија 28 излекувани, а вкупно досега болеста ја пребродиле 1.902 лица. Активни носители на вирусот се 1.532 лица. Вчера се извршени 324, а од почетокот на пандемијата, вкупно 25.245 тестирања. Поради трендот на пораст на бројот на заразени и починати, косовските власти вчера воведоа нови мерки, меѓу кои забрана за движење од 21 до пет часот во Приштина, Урошевац, Призрен и Вучитрн.
– Министерството за здравство на Кипар соопшти за еден нов случај на Ковид-19 од 1.259 направени тестови, со што вкупниот број на регистрирани инфицирани случаи се зголеми на 1.004 лица.
– Во изминатото деноноќие во Хрватска се тестирани 587 примероци, а регистрирани се 68 новозаразени со коронавирус. Од 25 февруари, кога е потврден првиот случај на зараза во земјата, досега се вкупно регистрирани 3.220 луѓе заразени со Ковид-19, од кои 113 починале, а 2.210 оздравеле. Моментно во самоизолација се наоѓаат 4.850 лица.
– Швајцарија има огромен број респиратори кои се набавени за време на пандемијата на коронавирусот, а исто така и резерви на хигиенски маски. Земјата има повеќе од 200 милиони маски, а некои пратки се очекуваат да стигнат. Секој респиратор чини по десетици илјади долари. Швајцарското Министерство за одбрана соопшти дека од 900 респираторни машини, кои се испорачани до 24 јуни, 261 се наоѓаат во воената медицинска служба, а 639 се расподелени во кантоните. Уште 300 респиратори треба да пристигнат до средината на август.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот