Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот
Според последните податоци, во светот до сега се регистрирани 11.072.007 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починале 525.954, а оздравеле 6.205.727 луѓе.
– Албанија во последното деноноќие забелажа нов негативен рекорд во однос на бројот на новозразени со Ковид-19. Според Министертвото за здравство и социјална заштита новодијагностицирани се 90 лица што е највисока бројка од почетокот на пандемијата. Најголем број од новзаразените или 35 се од Тирана,потоа од Круја 12 и Курбин 10. Во исто време во списокот на оздравени се впишани 33 лица или вкупно 1.592 а починале три или, до сега битката со опасниот вирус ја изгубиле 72 лица. Со направените 362 теста, во последното деноноќие, до сега во лабораторијата за вирологија при Институтот за јавно здравје направени се вкупно 28.033 тестови. Активни на болеста се 1.088,од нив 80 се хоспитализирани во Инфективната клиника во Тирана,при што осум се на интензивна нега.
-На Кипар од направени 1.538 тестови во изминатите 24 часа не е регистриран ниту еден нов случај на Ковид-19. Бројот на заразени остана ист, односно 999 лица. -Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти дека се регистрирани 28 нови случаи од Ковид-19, од кои 13 се од направените тестови на посетителите во Грција. Од почетокот на епидемијата, заразени се 3.486 лица.
– Во последните 24 часа, во Црна Гора се регистрирани 47 новозаразени меѓу 475 анализирани примероци. Тоа се пациенти од Рожаје (17), Подгорица (16), Тиват (5), Даниловград (2), Будва, Петњаца, Андријевица, Бар, Херцег Нови, Цетиње и Никшиќ 1. Од 47 новооткриени, 28 се контакти на претходно потврдени случаи додека за 17 пациенти се бара изворот на инфекција.
– Во северната италијанска провинција Венето, бројот на заразени лица се зголеми во последните седум дена, а индикаторот за ширење на инфекцијата во оваа провинција се искачи од 0,43, последните денови се искачи на 1,63, објави „Ла Република“. Италија го укина карантинот на крајот на мај бидејќи индикаторот за инфекција беше, во повеќето провинции, под еден. Провинцијата Венето беше истакната како добар пример за одговор на пандемијата. Беше применето масовно тестирање на населението и се воведе ограничено движење на самиот почеток на инфекцијата. Претседателот на провинцијата Венето, Лука Заја, рече дека од понеделник ќе воведе нови рестриктивни мерки во регионот, со цел да се спречи ширењето , вклучително и задолжителна изолација за заразените лица кои одбиваат доброволно да се стават во изолација.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација