Свет
7. May 2020 - 18:58

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 3.870,581 лицe. Од нив починале 267,741, а оздравеле 1.326,661 лице.

– Во Црна Гора денеска нема новозаразени со Ковид-19, а бројот на лица кои оздравеле се зголеми на 265, соопшти Институтот за јавно здравје. Во текот на денот направени се 148 тестови. Бројот на инфицирани од почетокот на епидемијата изнесува 324 лица. Во моментов позитивни се 51 лице. Во Црна Гора починаа осум лица од последици на коронавирусот.

– Претседателот и потпретседателот на САД Доналд Трамп и Мајк Пенс не се позитивни на коронавирус, соопшти Белата куќа. Откако беше откриено дека еден припадник на американската војска во кампусот на Белата куќа е заразен со вирусот, беше наложено тестирање на Трамп и Пенс.

– Бројот на заразени од коронавирус во Русија денеска го надмина бројот на инфицирани во Франција и Германија, со што Русија стана петта земја во светот по бројот на заразени. Во последните 24 часа има нови 11.231 случај и сега вкупниот број заразени во Русија изнесува 177.160 лица.

– Кипарската Влада соопшти дека почнала со тестирање на 10 отсто од мигрантите кои живеат во два прифатни центри во таа земја. Со тестирањето ќе бидат опфатени над 100 мигранти. Досега меѓу мигрантите во прифатните центри во Кипар нема потврдени случаи на Ковид-19.

– Република Азербејџан уплатила 538.910 евра на сметката на Министерството за безбедност на БиХ, отворена за уплата на донации за борбата против Ковид-19, соопшти босанското Министерство.

– Обединетите нации апелираа за зголемување на финансиските средства за борба против пандемијата на коронавирус во чувствителните и ранливи земји од две милијарди на 6,7 милијарди долари. Од првичниот апел на 25 март, ОН соопшти дека се собрани милијарда долари за поддршка на напорите на 37 држави во борбата против Ковид-19, јави Би Би Си.