Македонија
16. July 2016 - 13:45

ДНЕТ ги осуди настаните во Турција

Движењето за национално единство на Турците (ДНЕТ) ги осудува обидите за дестабилизација и деструкција на Турција.

- Ниту во еден случај не го прифаќаме овој обид за воен удар и даваме целосна поддршка на  претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган,  на владата на Турција  и на турскиот народ. Никој не може да биде против волјата на народот. Во што поскоро време виновниците треба да се предадат на рацете на правдата во Турција. Убедени сме дека Турција во најскоро време ќе ја преброди оваа состојба и ќе работи на јакнење на демократските капацитети и владеење на правото и правната држава, соопшти ДНЕТ на Ердоган Сарач.