Македонија
2. November 2017 - 13:30

„dm“ во Македонија прослави 5 години успешно работење, со натпросечен двоцифрен раст на прометот

Одлични деловни резултати во деловната 2016/17 со раст на промет од над 23%!

За успешното работење нa „dm drogerie markt“ во Македонија говори натпросечниот раст на прометот од над 23%, во деловната година 2016/17 (1.10.2016 ‒ 30.9.2017) во однос на минатата деловна година и изнесува над 560 милиони МКД (9,1 милиони евра). dm во Македонијa ја прошири својата продажна мрежа и во Куманово, со што со развој од 30% деловната 2016/17 ја завршува со вкупно 13 продажни објекти.

Идентичен квалитет на производите од  сопствените dm марки во сите земји од dm концернот!

Со понуда на повеќе од 13.000 производи во асортиманот “dm drogerie markt“ на македонскиот пазар важи за место за пазарување на високо квалитетни производи по поволни цени. Покрај тоа, dm нуди најголем избор на приватни трговски марки на пазарот во Македонија со повеќе од 3.500 производи и 24 приватни марки од сегментот на убавина, природна козметика, органска храна како и лична хигиена, производи за домаќинство и нега на бебиња.

Со своите добро познати брендови како Balea, alverde, dmBio, babylove или Denkmit, dm drogerie markt нуди идентичност на рецептурите и стандардите на производство, како и единственост на квалитетот на производите во сите 13 земји кадешто е присутен на пазарот.

Во тековната 2017. година dm под слоганот “5 години со вас. Да прославиме заедно!”, со гордост го прослави 5 годишното успешно работење во Македонија. Со низа роденденски активности и поволности dm им се заблагодари на своите потрошувачи за довербата, истакнувајќи дека токму тие со своите потреби се во фокус на нивното работењето и мотив за константно подобрување на услугата. 

Уште поголема компетенција за убавина и органска храна

dm е најголем понудувач на шминка од сопствена трговска марка во Македонија.

Кон крајот на летото, dm дополнително се етаблираше во понудата на декоративна козметика со воведување на сосема нова dm марка од областа на шминка - trend IT UP, додека понудата на шминки од постоечкиот бренд alverde - прирoдна сертификувана козметика, значајно ја прошири.

dm исто така го прошири асортиманот на органска храна во рамки на приватната трговска марка dmBio, и со повеќе од 300 различни производи претставува бренд со најширока понуда на органска храна во Македонија.

Друштвена одговорност

Изминатата деловна година “dm drogerie markt“ го продолжи своето дејствување како компанија со висока друштвена одговорност, во чие име говорат извршените донации во Институции на кои тоа им е и повеќе од потребно во Скопје и Куманово.