Македонија
24. April 2019 - 16:14

ДКСК утврди прекршени правила при вработувањето на сестри и деца на партиските функционери

Антикорупциска поведе прекршочна постапка против претседателот Иванов за именувањата во АРМ. Со ваквите постапки на шефот на државата по распишување на изборите антикорупционерите тврдат дека го прекршиЛ Изборниот законик.

Комисјата поведе прекшочна пријава и против министерот за економија Бектеши поради влијание при вработувањето на неговата сестра во МЕСПО. За антикирупциоенрите е нејасно како од 73 лица пријавени за истото работно место, вработена е сестрата на министерот бидејќи не постојат записници од спроведени интервјуа и листа на бодување.

Елементи на непотизам антикорупционерите на денешната седница утврдијаја и во 8 други случаи. Синот на пратеничката Мира Стојчевска е вработен во ЕЛЕМ на непостоечко работно место. Одговорност од генералниот директор на ЕЛЕМ ќе се бара и поради вработувањето на сестрата на министерот за култура Адеми. Антикорупциска утврди влијание и од страна на генералниот секретар на СДСМ Кирацовски за вработувања на неговите баба, дедо и сестра во државната администрација. Во нетранспарентна постапка според антикорупционерите е вработена и мајката на пратеникот на владејачката партија Костадин Коастадинов.