Македонија
20. March 2019 - 16:19

ДКСК отвори 2 нови случаи за вработување во предизборниот период - 2 случаи на непотизам решени

Две вработувања на местото правник што неодамна биле направени во Агенцијата за медиуми ќе се истражуваат од Антикорупциската комисија. Антикорупцинерите добиле информациите дека правниците биле вработени во предизборието кога согласно закон не смее да има нови вработувања што може да укажува на корупција во политиката.

Од Агенцијата тврдат дека се е законски. Освен двајца нови пранвици, од распишувањето на изборите ангажирале и 7 соработници за мониторинг на медиумите, а со почеток на кампањата на 1 април ќе ангажираат уште 15 луѓе.

Ваквиот ангажман е во согласност со Изборниот законик, кој предивува дека можат да се започнат постапки за вработување во случај на итни и неодложни работи. Потврда за ова се и претходно доставените мислења од Државната комисија за спречување на корупцијата дека нема пречка Агенцијата да ангажира надворешни соработници за мониторинг и за изработка на прекршични постапки за време на избори“, одговараат од Агенцијата за медиуми.

Се уште се собираат информации за вработувањето на ќерката на собранискиот спикер Талат Џафери во ЕЛЕМ.

- Добивме информации од компанијата, но ги сметам за недоволни. Според стручноста, ќерката на Џафери има завршено Правен факултет, магистрирала со 10 и поседува правосуден испит, но не се знае по кој критериум била избрана на конкурсот за вработување, и нема информации за останатите кандидати кои се пријавиле на конкурсот.

Од Комисијата потврдија дека затворена е постапка за два од 18-те први случаи за непотизам на актуелни политичари и функционери.

- Во првиот случај за вработувањето на ќерката на пратеничката Емилија Александрова во Фондот за иновации и технолоши развој добиле инфромација дека таа воопшто не конкурирала таму. Во вториот случај – за сопругата на поранешниот градоначалник на Берово, Звонко Пекевски, била ангажирана со договор на дело како наставник во основно училиште две години, по што по автоматизам и се трансформирал работниот однос во редовен работен однос.

Се чекаат и дополнителни информации за случаите поврзани со претседателот Ѓорѓе Иванов – последните назначувањата на аташеа и имотната состојба на шефот на државата.