Македонија
22. May 2019 - 16:06

ДКСК ќе проверува како претседателите ги избирале канцелариите

Антикорупциска ќе ја испитува постапката за избор на канцларии на поранешните претседатели. Први на тапет ќе бидат просториите кои ги доби Ѓорѓе Иванов по завршување на мандатот во станбените згради на Џевахир.

Дали претседателот има неприкосновено право да си каже и најскапиот простор да го користи како канцелариски или во рамки на нашите можности на нашиот скромен буџет ќе се определи службен простор или ќе се додели од некои постојни службени простории со кои располага држава, изјави претседателката на ДКСК.

Антикорупцинерите отворија постапка и за да утврдат како државните функциенери ги трошат народните пари. Ќе се испитува начинот на користење на службените возила, патните трошоци, надоместоците за стан и одвоен живот. Во фокусот ќе бидат трошоците на пратениците, но анкетни листови ќе добијат сите државни институции.

Комисијата поднесе иницијатива и за кривично гонење на поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски. По обезбедената документација утврдија дека Панчевски го вработил својот внук како помлад судски соработник иако воопшто не конкурурал за работното место. 

На огласот за оваа позиција биле пријавени 155 кандидати. Сите биле одбиени и наместо нив бил вработен внукот на Панчевски, кој воопшто учествувал на конкурсот. Со ова тој ги надминал неговите надлежности. Ова не само што е незаконско постапување, туку е надвор од сите закони, појаснија антикорупционерите.

Прекршочна пријава заработи и директорката на Хематологија за ненавремено доставување на анкетни листови. Антикорупцинерите ќе ја проверуваат имотната состојна и на сите актуелни и поранешни министри и пратеници.