Македонија
17. January 2020 - 13:02

ДКСК донесе петгодишна национална стратегија за спречување на корупцијата

Антикорупциската комисија усвои петгодишна национална стратегија за спречување на корупцијата.

Стратегијата 2020-2024 ги посочува најризичните фактори за коруптивното тло во општеството, тоа се: политичките влијанија, немањето личен и институционален интегритет, недоречености во законската регулатива и слабата транспарентност. Целите на стратегијата е да го зголеми  нивото на политичката одговорност, јакнење на интегритетот на јавниот сектор, дигитализација, намалување на корупцијата на јавните набавки... 

Стратегијата ги опфаќа сите сфери од општеството и државата па така Антикорупциска ќе бара засилени контроли на јавните набавки, јакнење на човечкиот интегритет во судството, јакнење на капацитет на државниот просветен инспекторат, центри за управување со отпад, целосна дигитализација при издавање дозволи за бизнисот... 

Во 2 часот ченовите на Антикорпуциската комисија ќе му ја предадат националната стратегија на Собранискиот спикер Талат Џафери и се надеваат дека Собранието ќе ја изгласа.

Велат дека стратегијата не е од затворен тип туку таа постојано ќе се надградува и проширува.

 

Даниел Василев