„Дизнилендот“ во Шангај отворен по три месеци пауза
Повеќе од илјада луѓе денеска го посетија забавниот парк „Дизни“ во Шангај, по тримесечното неработење поради коронавирусот. Посетителите се враќаат со маски и физичка оддалеченост, пренесуваат медиумите.
Паркот, инаку, беше затворен на 21 март, откако се зголеми бројот случаи на зараза со коронавирус во градот, што доведе до двомесечен карантин, со мерки што почнаа да се ублажуваат на 1 јуни.
И пред затворањето во март, паркот ја воведе обврската за носење маски и редовна дезинфекција, како мерки донесени од властите во борбата против Ковид-19. А исто така, од гостите сега се бара да покажат доказ за негативен корона-тест.
Паркот, исто така, најави дека ќе го ограничи капацитетот, додавајќи дека некои знаменитости – како што е „Универзумот на Марвел“, ќе останат затворени.
Ново на Сител
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите