ДИЖС: Голем дел од угостителските објекти во Маврово ги испуштаат отпадните води во езерото или во Радика
Девет правни субјекти на територија на Националниот парк Маврово не поседуваат елаборат за заштита на животната средина, а голем број угостителски објекти директно ги испуштаат отпадните води во Мавровското Езеро или реката Радика.
Ова е констатирано од страна на интензивниот надзор што го прави Државниот инспекторат за животна средина по претставка од граѓани.
– Досега се инспектирани 18 објекти и утврдено е дека 9 не поседуваат Елаборат за заштита на животната средина. Голем број инспекторирани угостителски објекти директно ги испуштаат отпадните води во Мавровско Езеро или реката Радика, како на пример хотелите “Радика”, “Бистра”, “Спорт”, “Лодге” и “Алпине”. Помали погони, како на пример “ЕуроЕдил”, “Новитет” и “Техно Блок”, сите лоцирани во село Скудриње, исто така немаат Елаборати за заштита на животната средина и испуштаат отпадни води во реципиент без пречистување, се наведува во соопштението од Инспекторатот.
Сите субјекти кај кои се најдени неправилности, се задолжени најпрво да ја обезбедат потребната документација (одобрени елаборати за заштита на животната средина, дозволи за испуштање на вода во реципиент, проекти за изведба на пречистителни станици и слично), а потоа ќе добијат соодветни рокови за да ги применат сите неопходни мерки за спречување на загадувањето.
До крајот на март, велат од Инспекторатот, ќе се изврши надзор врз сите правни субјекти и ќе се преземат мерки за корекција на неправилностите.
Ново на Сител
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово