Бизнис
13. July 2015 - 13:04

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат - Ова се новите цени

Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за половина денар, а на дизелот се намалува за 1,5 половина. 

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 71,50 денари за литар, а на Еуросупер БС-98 ќе биде 73,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Еуродизелот ќе изнесува 53,50 денари за литар, а на екстралесното масло за домаќинство 42 денара. Се намалува и цената на мазутот и ќе изнесува 26,3 денари за килограм. 

Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар изнесуваше 58,6 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот 55,66 денари за долар.