Бизнис
17. March 2017 - 8:22

„Дизајн што продава“ - викенд бизнис-настан во „Јавна соба“

„Дизајн што продава“ е насловен тридневниот викенд бизнис-настан што ќе почне денеска во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“.

Настанот е  можност за размена на деловно-практични искуства помеѓу успешни дизајнери, комуниколози и  експерти за маркетинг кои имаат огромно практично  искуство кое во овој момент им е нужно на младите претприемачи од Македонија, информираат од  „Јавна соба“ кои сое организатори на настанот со Гро ап академи.

Истакнуваат дека програмата e целосно насочена да им помогне на младите претпримачи да развијат поиновативен пристап до пазарот, основаат здрава комуникациска стратегија, да ја зголемат нивната конкурентност преку мудри и креативни одлуки што резултира со зголемување на продажбата на домашен, но и на странски пазар.

Програмата нуди и дополнителна можност за тет-а-тет средби и соработка со дизајнери и маркетери од регионот.