-->
-->
„Дизајн на учење на 21 век”- обука за професорите од Кривопаланечката гимназија
-->
Дваесет и двајца професори од Средното општинско училиште „Ѓорче Петров”, Крива Паланка од денеска се дел од обука за Мајкрософт сертифициран едукатор, организирана во рамки на проект на Министерството за образование на Република Македонија.
– Обуката е насловена „Дизајн на учење на 21 век” и е овозможена од страна на МОН во рамки на проектот финансиран од Светската банка, согласно мерка три за меки мерки и вештини. Со обуката се опфатени 22 професори и професорки, најголем процент одделот за електрична струја, но и од гимназиското образование, кои пројавија интерес за следење на петдневната обука за која по завршното полагање ќе се стекнат со сертификат, изјави директорката на СОУ Ѓорче Петров” Крива Паланка, Габриела Стаменковска.
Обуката ја спроведуваат едукатори од академијата “СЕМОС ” , Скопје, а вклучува: запознавање на вештините на 21 век, поим ” вешта комуникација”, креирање знаења, саморегулација, решавање на реални проблеми и иновации, употреба на информатичко – компјутерска технологија во учењето и вклучување на дизајнот на учење на 21 век во пракса.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците