Македонија
13. јуни 2018 - 14:24

Дивјак-Томиќ: Изборот на името и определувањето е ваша работа

Србија се залага за решавање на сите билатерални спорови во регионот, а со цел да се развиваат добро соседските односи, истакна српската амбасадорка во Македонија, Душанка Дивјак-Томиќ, на прашањето кој е ставот на Белград за договорот меѓу премиерите на Македонија и Грција за решавање на спорот со името.

- Тоа е она што е гаранција, нашиот регион да биде оаза на мирот, стабилноста и соработката. Така што во тој контекст, тоа е ваша работа, избор на името, определувањето. Тоа е нешто што секоја држава самостојно го работи, како што го прави и Србија. Имаме секако заеднички интереси, бидејќи стратешки сме определени едни кон други, кон Европската унија, изјави Дивјак-Томиќ при денешната посета на Штип.

Таа истакна дека во тој контекст Србија секогаш ја поддржува Македонија