Македонија
12. August 2018 - 16:50

Дивите тезгаџии тема за партиски обвинувања во Охрид

Во главниот туристички центар во екот на сезоната владее хаос . Секој слободен простор е узурпиран од урбана опрема на која се продава сé и сешто и реквизити за забава. Чаршијата ,градскиот плоштад и кејот од тезги ,расчадени скари ,мали авотмобили за најмладите  ,вовчиња ,апарати за бокс се претесни за туристите.Граѓаните велат наместо да се постават подвижни унифицирани продавници за сувенири градот е претворен во панаѓур кој го нагрдува ликот .

Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид обвинија дека наместо модерен градот развива Лесковачки роштиљ туризам узурпирајќи ги пешачките и велосипедските патеки  и побараа од инспекциските служби да излезат на терен .

Од општина Охрид пак на став дека големиот хаос оставен од претходнанта власт не се решава преку ноќ,додавајќи дека моментално се работи на  проекти со кои центарот ќе добие нов лик со строго дефинирани и типизирани места за продавање и дека огромниот  број на домашни и странски туристи се доволна потврда на заложбите на локалната градот да стане модерна туристичка дестинација.