Македонија
23. October 2020 - 12:46

Дивите таксисти голем проблем за Охрид и Струга

Врие од диви таксисти во охридско струшкиот регион. За само два дена сообраќајната полиција затекна 7 возачи кои нелегално вршеле превоз на патници, а се контролира и колку се почитуваат мерките во јавниот превоз за заштита од коронавирусот. Најголемата гужва ја прават најчесто оние кои превезуваат патници од Струга до Охрид и обратно. Тие настојувајќи да заработат повеќе пари, возат на диво без да ги поседуваат задолжителните лиценци и документи за меѓу градски сообраќај.

Охридските легални таксисти пак се жалат дека и покрај тоа што сė помалку имаат работа поради препораките за намалено користење на јавниот превоз се соочуваат и со нелојална конкуренција.

Инаку од почетокот на пандемијата до денес полицијата изрекла стотици казни за непочитување на здравствените протоколи во јавниот превоз, а најавија дека засилени контроли ќе продолжат и во следните денови.