Македонија
5. March 2019 - 16:14

Дивите платформи на Матка се зголемија- инспекторатот бара Општина Сарај да постапи

Не прекинува градењето на платформата покрај Матка.. Непознатиот инвеститор ги поставил и бојадисал дрвените елементи кои недостасуваа. Мрежа за засенување ја покрива челичната основа..

Додека се чека одговор од надлежните институции, не престанале градежните работи на објектот. За помалку од една недела, на целата метална конструкција се поставени дрвените даски..

Судбината на платформата кај Матка треба да биде позната за околу од една недела..  Откако објави дека нема право да излегува и врши инспекциски надзор за локален објект, сега од Државниот градежен инспекторат велат дека доставиле писмено барање до градоначалникот на општина Сарај за постапување согласно законите.. Општинските власти имаат рок од пет дена да го известат инспекторатот за преземените активности..

По добивањето на бараните податоци, инспекторатот ќе постапи согласно одредбите од Законот за градење и другите законски прописи, велат од Државниот градежен инспекторат..

Локалната власт во Сарај не открива дали писмото од инспекторатот пристигнало на адреса на општината.. Од таму велат дека Градоначалникот Блерим Беџети веќе имал изјава за објектите на Матка.. Тој уверуваше дека платформите постојат со години и сите се дивоградби.. Се реновирале ама не се граделе нови.. Според Беџети, нивниот статус ќе се решавал во пакет..