Македонија
23. September 2021 - 12:25

Диви трки со мотори секојдневие на охридските улици

Диви трки и дивеење со мотори низ охридските улици. Сообраќајниците и некои улици во градот ноќно време се претворени во патеки за трки и дивеење на моторџиите.Граѓаните на социјалните мрежи реагираат на преголемата бучава во доцните часови и тоа најчесто предизвикана од млади лица и апелираат да се засилат контролите.

Од охридската полиција пак тврдат дека се на терен и во изминативе месеци санкционирале 35 моторциклисти кои возеле со голема брзина и имале вградено несоодветни делови кои предизвикуваат бучава.

Полициските службеници од почетокот на годината регистрирале 394 прекршување во однос на неносење заштитна опрема и 26 возачи на мотори кои управувале со несоодветна категорија.

Голем дел од мотоциклистите немаат навика да носат заштитна опрема, иако тоа е законска обврска.

Статистиката кажува дека при пад со кацигата во 60% од случаите се намалени повредите кои доведуваат до смрт.