Македонија
10. September 2017 - 15:18

Диви свињи опустошиле насади и лозја во Кратовско Живалево

Диви свињи уништиле речиси сто отсто од лозовите насади ,а 90 отсто родот на пченка на дел од жителите  на Кратовското село Живалево.

Ѓорги Арсов ,67 -годишен жител на Живалево се пожали дека ова е четврта година по ред како диви свињи ги оставаат и без род, но и без храна за добитокот.

-Четири години го одгледувам лозјето, 840 лозови насади ,сорта шпалир,носам вода по 100 литри на рамена, а трпам штети кои никој не ми ги надоместува. Не само јас и соселаните. Дивите свињи го раскопуваат теренот, уништуваат лозја, пченка, грав, компир и останато..И ноќва не спиев, стражариме но попусто, не можеме да си ги оdбраниме поседите. Записник изврши инспектор за зајоделие од Кратово и вешто лице за проценка на штети, но не сме обесштетени години наназад, рече Арсов.

Со реонот стопанисува Ловечко друштво Буковец, Кратово од каде ловочувар излегол на терен и направен е записник.

Жителите на живалево стравуваат од напаст на свињите кои речиси секој ден уништуваат поседи.

-Стеблата од пченка ги користев како добиточна храна, а сега ќе морам и да продадам една од двете крави, од кои преживувам, додава Арсов.